Калиопи денеска го промовираше најновиот албум насловен „Мелем“, како и видео записот на песната „Мрвица“ пред голем број соработници, пријатели и новинари.
Ова е посебен ден за мене, но верувам и за вас, откако ќе ги слушнете 10-те песни што ги направи Ромео, не само за мене, туку за сите. Нема да зборувам за „Мелем“, затоа што тој ќе зборува сам за себе – рече Калиопи на промоцијата.
По говорот, следуваше премиерата на третиот видео запис од новиот проект, за чија режија се погрижи продукција „Тулипро“, а сценариото е повторно на Ромео Грил.