Еден од најпознатите светски музичари, првиот црн пеач кој стана бел, попознат како Кралот на поп музиката, Мајкл Џексон почина пред три години од срцев удар додека се подготвуваше за неговите серија концерти „This is it“.
Роден е под името Мајкл Џозеф Џексон на 29. август 1958 година во Гери, Индијана, САД. Според Гинисовата книга на рекорди Џексон е признат како најуспешен забавувач на сите времиња.
Дебитираше на професионалната музичка сцена, заедно со неговите браќа, како член на The Jackson 5 во средината на 1960, и ја започна својата соло кариера во 1971 година.
Во 80-те години Џексон веќе стана еден од најпопуларните фигури во светскиот шоу-бизнис, препознатлив по својот специфичен глас, музички спотови, танцување и филантропија.
Неговата присутност во музиката понатаму влијае на бројни хип хоп, рок, поп и R&B уметници, меѓу кои Бијонсе, Мараја Кери, Ашер, Грин Деј, Бритни Спирс, Мадона, Џастин Тимберлејк.
Едни од неколкуте негови најпознати албуми се: „Got to Be There” (1972), „Ben“ (1972), „Music & Me“ (1973), „Forever, Michael“ (1975), „Off the Wall“ (1979), „Thriller“ (1982), „Bad“ (1987), „Dangerous“ (1991), „Invincible“ (2001), „Michael“ (2010).