Самата Адел не знае што е тајната која го прави нејзиниот албум „21“ втора година по ред најпродавано студиско издание на планетата.
Пеачката доби Оскар во неделата, а ширум светот продала 8,3 милиони копии од албумот издаден во јануари 2011, и така само потврди дека е незаменлива на музичката сцена.
На второ место е албумот “Red” на кантри пејачката Тејлор Свифт со 5,2 милиони копии.
На трето и четврто место се албумете на на машкиот бенд One Direction “Up All Night” се продал во 4,5 милиони, а “Take Me Home” во само 100,000 примероци помалку. Со 4,4 милиони продадени примероци е албумот “Born to die” на Лана дел Реј.
Кога се во прашање сингловите, најпродаван е секако “Call Me Maybe” (12.5 милиони), потоа следува добро познатата “Somebody That I Used To Know” (11,8), “Gangnam Style” (9,7), “We Are Young” (9,6) и “Payphone” (9,1 милион копии).