Фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос викендов се ожени со својата долгогодишна девојка, Пилар Рубио, а самата прослава од медиумите беше окарактеризирана како „спортска венчавка на деценијата“.
Венчавањето беше одржано во катедрала во Севиља, а гостите ги забавуваше рок бендот AC/DC за кои фудбалерот „искешира“ дури милион евра.
Околу 500 гости присуствуваа на забавата, а меѓу нив беше Пеѓа Мијатовиќ, Фернандо Јеро, Лука Модриќ, Дејвид Бекам…
Од друга страна, не се појавија Зидан, Бејл и Карвахал, иако биле поканети, како и Кристијано Роналдо, кој не беше повикан поради кавгата откако Роналдо отиде во Јувентус.
Двојката која е во врска од 2013-та година и има три деца, на гостите им забрани да ги користат своите телефони, па сите уреди беа оставени на влезот.