Во далечната 2004-та година, познатиот шведски ди-џеј го освои светот со песната „Call On Me“. Меѓутоа, многумина, пред се мажите, го запамтија спотот за песната кој „пука“ од сексапил.
Eric Prydz на часот по аеробик вежба со многу згодни девојки, а сите нив ги подучува русокосата инструкторка, Австралијанката Диан Бери.
Многумина го сметаат спотот за оваа песна најсекси на сите времиња.
Ѕвездата на овој спот, Австралијанката Бери денеска има 38 години и се уште изгледа одлично. И понатаму се занимава професионално со аеробик.