Тајлер и Пери во Холот на славните текстописци и композитори

Од:

Холот на славните текстописци и композитори годинава им оддава почит на рокерите од 70-тите и 80-тите години од минатиот век.

Џо Пери и Стивен Тајлер од групата „Аеросмит“ и Мик Џонс и Лу Грам од „Форинер“ ќе бидат впишани во оваа угледна институција, заедно со авторите на познатите хитови „Love Is a Battlefield“ и „Heartache Tonight“.

Церемонијата ќе биде одржана на 13 јуни во Њујорк.

Покрај членовите на „Аеросмит“ и на „Форинер“ во Холот на славните ќе влезат и Холи Најт, ЈД Саутер и Тони Хеч, чија музичка кариера придонесе за дефинирање на рокенрол звукот.

Најт е автор на голем број хитови како што се „Love Is a Battlefield“ и „Invincible“ која ја напиша за Пет Бенатар. Саутер соработуваше и со „Иглси“, а Хеч се прослави со песната „Downtown“, а ја изведе британската пејачка Петјул Кларк.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски