Првиот концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите ќе се одржи утре (20 април) во Македонска Филхармонија, со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.
Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.
Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш“ и ,„Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.
Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат.