Пејачот и текстописец Скот Вокер, едeн од члeновите на поп-рок бендот „Вокер Брадрс“, почина на 77 години, соопшти денеска британската издавачка куќа 4АД.
Вокер е роден во САД како Ноел Скот Енџл. Од 1970 година живее и работи во Велика Британија. Се прослави во групата „Вокер Брадерс”, со низа хитови во САД и посебно во Велика Британија во 1960 година. Нивни најпознати песни се: „Make It Easy on Yourself”, „The Sun Ain’t Gonna Shine (Anymore)”, „My Ship is Coming In” и други.
Вокер важеше за една од највлијателните личности во областа на поп-рокот. Познавачите сметаат дека влијаел на многу музичари, од Дејвид Боуви до Џо Кокер.