„Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ во ВИП Арена

Од:

Во ВИП Арената во Скопје вечер ќе биде изведен проектот – виолински концерт „Три писма од Сараево“ на Горан Бреговиќ со Македонската филхармонија и со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“.

Концертот е компониран за класична, ориентална и клезмер виолина, со настап на тројца солисти од Србија, Тунис и Израел. Со него Бреговиќ нуди сопствена уметничка визија на нов, помирен, толерантен, мултикултурен и мултиконфесионален свет. Проектот премиерно беше претставен во Париз во 2016 година.

-„Three letters from Sarajevo“ е најпродаван еthno world албум во светот во 2018 година, вклучувајќи ја и Америка. Бреговиќ за него доби и можеби најдобри рецензии од сите соло албуми што ги има издадено во последнава декада, а се најде и во престижниот британски весник „Гардијан“, соопшти Авалон-продукција која го организира вечерашниот концерт во Скопје.

Продукцијата соопшти дека познатиот музичар на концертот ќе изведе и некои од неговите познати хитови.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски