Концертна промоција на новиот албум на „Сетстат“

Од:

Искусната скопска џез формација „Сетстат“, утревечер, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, ќе го промовира во живо нивниот 9. албум „IX9“. Дискографската куќа ПМГЏЕЗ, која е огранок на ПМЏ Рекордингс го издаде овој албум, како и претходниот осми албум на „Сетстат“ со наслов „Се плашам од Македонци“.

„Соработката со ПМГЏЕЗ е нова инспирација за 3Гонга. Затоа и го организираме овој концерт со сплотени сили. Сетстат е мислата, изразот на нашата генерација. Секој нивен албум е своја приказна. Тие го отсликуваат нивното, нашето скопско секојдневие и искрено се надевам дка нивното музичко секојднение ќе го пренесат и на надоаѓачките генерации. Нашата посветеност како 3Гонга е музиката, преку која сакаме, заедно со сите кои творат во земјава да оставиме длабок печат позади себе. Како што и името е во чест на радио емисијата која во свое време остави длабока трага кај тогашните генерации и беше креатор на јавното музичко мислење, во овој период 3Гонга има за цел она што порано имало можност само да се слуша на носач на звук, сега и да се слушне и види во живо“, вели Александар Пејчиновски од 3Гонга.

Музичарите Владан Дробицки на тромбон, Павел Дробицки на бас, Панче Бујуклиев на клавијатури, Гоце Наумов на тапани и Васко Бојаџиски на саксофон, како што ги нарекуваат – титани на современата македонската џез музика, утревечер ќе го отсвират новиот албум со надеж дека повторно ќе ги оправдаат очекувањата на џез публиката, која веќе ги доживува како еден од најискусните и најквалитети изведувачи на македонската џез сцена.

„’Деветка’ без трошка сомнеж е досега нивниот најкомплетен и најзрел албум. Обмислена, студиозно компонирана, аранжирана и виртуозно отсвирена музика. Од болно убави музички парчиња до длабоко екпериментални импровизации. Од фуриозни панк-фанк бркотници, до грациозни емоционални мигови. Нивната музика е хармонично и смирено аранжирана, лаконски фрлајќи ни по некој поглед долу нам, масовно хистерични во нашата опседнатост со дневна политика и антиклимакс на личноста. Сетстат е бенд кој темелно и сериозно си ја остварува самопоставената задача, а тоа е вајање музички дела од субстанца, во време и место кое нема капацитет за субстанца. Нивните намери се брутално музички, чисти до болка и кореспондираат директно со универзалноста на музиката како јазик“, вели Мирко Попов од ПМГЏЕЗ.

Влезниците можат да се набават преку продажните мрежи на kupikartizase.com и karti.com.mk по цена од 250 денари, непосредно пред отпочнувањето на концертот на билетара цената ќе биде 300 денари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски