Kонцертна промоција на нов албум од „Сетстат“ во Станица 26

Од:

На 15-ти март, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, закажана е концертна промоција на 9-от по ред албум „IX9“ на џез формацијата „Sethstat“. Концертниот настап е во организација на ПМГЏЕЗ и 3Гонга.

Дискографската куќа PMGJazz, која е огранок на PMG Recordings стои зад овој албум. Нивната соработка започна во 2015-та година кога ПМГ Рекордингс го издаде нивниот 8ми албум „Се плашам од Македонци“. Соработката прерасна во заедничка визија и пријателство, која во 2018та резултираше со создавање на дискографската куќа ПМГЏез, специјализирана за џез музика. Овој нивен најнов албум е 4то издание на ПМГЏез како лејбл.

Во џез формацијата Сетстат, кои се своевидни титани на современата македонската џез музика членуваат: Владан Дробицки – тромбон, Павел Дробицки -бас, Панче Бујуклиев -клавијатури, Гоце Наумов – тапани и Васко Бојаџиски – саксофон.

„Деветка“ без трошка сомнеж е досега нивниот најкомплетен и најзрел албум. Обмислена, студиозно компонирана, аранжирана и виртуозно отсвирена музика. Од болно убави музички парчиња до длабоко екпериментални импровизации. Од фуриозни панк-фанк бркотници, до грациозни емоционални мигови.

„До последен момент не знаевме како ќе звучи албумот. До овие песни дојдовме низ макотрпен процес на селекција. Снимивме точно 9 саати музика, која потоа детално ја преслушувавме и анализиравме, како би можеле да продолжиме со процесот. На избраните парчиња потоа уште 2 месеци доработувавме. Оваа музика е сублимат на многу наши истражувања и експериментирања. Некако си ги избрусивме вкусовите, афинитетите и се трудевме да бидеме концизни во музичката мисла. Аранжмански погледнато, звукот го проширивме во вертикала“, вели Дробицки.

Сетстат е еден од најискусните, најквалитетите и како изведувачи, еден од најподготвените бендови во земјава. Речиси 30 годишното постоење и активно музицирање на сцената ги донесе на ниво на музичари, кои внимателно се следат и од музички, но и од технички аспект. На концерт – промоцијата за нивниот 9ти албум, публиката може да очекува прецизна, фуриозна и елегантна свирка, која едноставно никого не може да го остави рамнодушен. Атак на сите сетила, во час и половина колку ќе трае настапот и тоа од група музичари, кои уживаат во сопствената зрелост.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски