Легендарниот Grandmaster Flash пристигна во Скопје

Од:

Хип хоп легендата и некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“ пристигна во Скопје, каде вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26 ќе настапи со двочасовен диџеј сет.

Неговото прво настапување во Скопје е дел од големата турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од 70те години, па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.

Хип хоп легендата Joseph Saddler е некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“. Овој историски хип хоп бенд има издадено два култни албуми „The Message“ во 1982 година и „On the Strength“ во 1988 година. Синглот „The Message“ е се уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на „Rock & Roll Hall of Fame“.

Grandmaster Flash ги има креирано некои од техниките кои и денес се стандарден дел од диџеј науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кој го сметаат за главен „виновник“ што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12-ти студиски албум.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски