На службениот канал на Северина на Јутјуб објавено е видео со инструкции за играње на „Италиана“, новиот хит на хрватската пеачка. Видеото ги надмина сите рекорди, зашто за само две недели има 5 милиони посети.
Во текот на идниот месец ќе се снима спотот за оваа песна, а конкурсот е организиран за да се пријават сите што сакаат да учествуваат во него и да заиграат заедно со Северина.
Кореографијата за песната е на Ивона Брнелиќ, долгогодишна танчерка на Тина Тарнер. Сите кои сакаат да учествуваат во спотот, треба само да се снимат како го играат „Италиана танцот“ а видеото да го испратат на тимот на Северина овде.
На конкурсот се повикани да учествуваат од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна.