Храбра жирафа успеа да преживее брутален напад од чопор лавови, кои траеше цели пет часа и покрај фактот што еден упорен лав успеа со забите да ја гризне на грбот.
Шест гладни лавови нападнаа жирафа во јужноафричкиот резерват за диви животни „Klaserie Private Nature Reserve“. Жиравата се обиде да фаќа лисја од дрвјата, кога околу неа се собраа лавовите. Една женка и еден мажјак ѝ скокнаа на грбот, додека други два лава ја нападнаа на нозете и се обидоа да ја соборат.
Лавицата на грбот на жирафата се држеше цели две минути.
Иако жирафата крвареше многу од раната на ногата, таа сепак успеа да се ослободи по четиричасовна борба со крволочните житовни, кои на крајот се откажаа.
Драматичната епизода ја забележаа двајца локални водичи на Инстаграм, а неколку кратки видеа објави и официјалната страница на резерватот.