ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Од:

Во Штип во населено место возрасен човек шета со оружје и пука во мачка, додека истиот ден во Виница возач со автомобил влече врзано куче, објави организацијата за заштита на животните „Анима Мунди“.

„До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара?
Или во насилството врз животните девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе?!

Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела животни да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност , но и безбедноста на своите миленици.

Од Анима Мунди дополнуваат дека според последните информации се работи за лице од населба Три Чешми од Штип, кое по кажувањата на сведоци и соседи е вработено во Територијалната противпожарна единица во Штип, со пушка усмртило повеќе мачки и кучиња.

Од здружението објаснуваат дека соседот, кој се грижел за овие маалски миленици, единственото преживеано маче го однел на Ветеринарниот факултет во Скопје, при што се покажало дека во мачето завршиле дијаболи, за што како што велат сведочи и официјалниот извештај.

Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителот апелираат од Анима Мунди.

Истиов ден, во Виница, возач со автомобил со регистерска табличка VI 8923 AB влече врзано куче, кое нема опција освен да трча без престан, во спротивно ризикува да биде задавено. И не треба многу познавање за да се увиди она што е повеќе од очигледно, а тоа е присилување животно да биде во ситуација која е болна, исцрпувачка , која во најмала рака предизвикува чувство на немоќ и страв што е насилство врз животни. Вакво лице би било запрено од службени лица веднаш во секоја ЕУ држава, строго казнето; во Македонија не.

Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети. Ова се само дел од случувањата кои се наше секојдневие и кои за жал само споделени вака јавно можат да резултираат со разрешница, велат од Анима Мунди.

Организацијата ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Казнет возач што возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час