(ВИДЕО) Анима Мунди: Отруени се повеќе кучиња во скопската населба Бутел

Од:

Повеќе кучиња, кои изгледаат како да се од исто легло, пронајдени се мртви, едно покрај друго, на отворен јавен простор во населбата Бутел, Скопје. Според информациите со кои располагаме, животните се отруени. Крајно е необично и загрижувачки што сите се пронајдени на истото место. Дали биле отруени таму? Дали некој ги донел и ги оставил едно покрај друго? Имаат ли сопственик, зошто личат како загари од исто легло? Што точно се случило? Бараме МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство ИТНО да излезат на терен во Бутел, да извршат увид, да обезбедат докази, да ја утврдат причината за смртта и да ги проверат околните безбедносни камери. Потребно е да се утврди и потеклото на животните, како и евентуалниот сторител, велат од Анима Мунди.

– Ќе се сфати ли конечно дека отровот не убива само кучиња. Тој може да убие и друго животно, но и да убие за 5 минути човек, особено дете. Ова е сериозна закана за јавната безбедност, а не само случај на суровост кон животните. Член 233 од Кривичниот законик предвидува санкции за убивање животни без оправдана причина и нивно мачење. Бараме итна истрага, институционално постапување и одговорност. Не дозволуваме уште еден ваков случај да заврши со институционална штама и заборав. Кој ги уби овие животни? Кој ги остави таму? И повторно ли никој нема да одговара, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Анима Мунди: Коза врзана на покрив на автомобил – во ЕУ за ова се оди во затвор!

А1он

ВИДЕО: Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци, Анима Мунди бара итна истрага и реакции

Катерина Ѓуровски

Aнима Мунди: Кој може да гарантира било чија безбедност во ЗОО Скопје?

А1он

Уапсете ги сите организатори и учесници ако сакате да покажете дека не сме тиња од држава

Предраг Петровиќ

Кучиња со маркички од Албанија во Скопје – се алармира на организирано носење глутници во главниот град

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он