32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за кривични дела – предизвикување општа опасност како и мачење животни.

„Обвинетиот, на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат наменет за прскање и заштита на винова лоза, ги ставил во ќеси како мамец и ги оставил пред незаградениот двор на семејна куќа. Иако бил свесен дека во куќата живеат четири семејства и постојано има голема фреквенција на луѓе, како и дека поради таквото негово дејствие може да настапи штетна последица, тој сепак лекомислено сметал дека штетната последица може да ја спречи или дека таа нема да настапи, па на тој начин предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето. Мамците со отров ги развлекло и ги јадело куче без сопственик, кое се отруло и починало. Имајќи ги предвид сите околности, вклучително претходната неосудуваност на обвинетиот и фактот што тој веќе го признал делото пред јавниот обвинител и изразил каење, до Основниот суд во Кавадарци доставен е предлог да изрече алтернативна мерка – условна осуда со утврдена затворска казна која нема да се изврши доколку обвинетиот во дадениот временски рок не стори ново кривично дело, како и парична казна од 30 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 10 евра во денарска противвредност“, соопшти обвинителството.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Во Кавадарци отворена канцеларија за поддршка и советување за родители и деца

А1он