Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Од:

На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз градот, граѓаните и животната средина – додаде Јанчев на Фејсбук.

Тој истакна дека надлежните институции мора да го истражат случајот до крај.

– Оние кои намерно го загрозуваат здравјето и безбедноста на граѓаните, мора да одговараат – додаде кавадаречкиот градоначалник.

Јанчев информираше и дека синоќа била одржана итна седница на Кризниот штаб со која раководел самиот тој, за справување со пожарот на градската депонија.

– Присутни беа претставници од Советот на Општината, ОВР – Кавадарци, ТППЕ – Кавадарци, ЈП „Комуналец“, „Мој општинар“ и општествено – одговорни компании – појасни Јанчев.

Градоначалникот информираше и за донесените заклучоци.

– Продолжување на акцијата – пожарот е локализиран, а целосното гаснење продолжува и во раните утрински часови. Дополнителна поддршка – во акцијата се вклучуваат приватни компании од Кавадарци со сопствена механизација. Координација – распоредувањето на терен се врши под координација на ТППЕ – Кавадарци и ЈП „Комуналец“ – се наведува во објавата на Фејсбук.

Кризниот штаб, како што додаде Јанчев, продолжува непрекинато да ја следи состојбата.

Би можело да ве интересира

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина

Нема повредени при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација