Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Од:

Кавадарчани и лозарите од Тиквешијата вистински ќе уживаат во Гроздоберот дури тогаш кога ќе добијат вистинска социјална благосостојба, сигурен пласман и достоинствена цена, а не кога пред секоја сезона ќе се тресат во неизвесност од откупот! Она што некогаш беше автентична манифестација на лозарите, оддавање почит на нивната пот и деноноќна работа, денес е претворено во евтина манифестација на медиокритетот, кичот и енормниот профит за приватни џебови. Додека лозарот се бори за секој денар, за настапи на странски и домашни изведувачи на „Тиквешки Гроздобер 2026“ се издвојуваат баснословни суми, велат од Левица.

– За Жељко Самарџиќ: 1.537.500,00 денари (плус 170.816,25 денари персонален данок)! Пеџа Јовановиќ: 1.414.500,00 денари (плус 157.150,95 денари персонален данок)! Де Вито: 1.291.500,00 денари (плус 143.485,65 денари персонален данок)! Џејла Рамовиќ: 885.600,00 денари (плус 98.390,16 денари персонален данок)! Државата директно го создаде и одржува проблемот со недоволниот и хаотичен откуп на грозјето: Нема државен откупен центар кој ќе ја диригира и стабилизира цената и откупот. Нема државна дестилерија која ќе го преработи и спаси неоткупеното грозје. Не е укината 8% кражба од лозарите доколку грозјето им се исплаќа во готово. И наместо да ги реши овие децениски системски проблеми, власта сега ги користи парите од Интервентниот фонд (повторно народни пари) за да им помага на приватните винарии да го откупат грозјето! Парата мора да врти во олигархијата, а лозарот да остане социјален случај и заложник на винските магнати. Левица – Кавадарци бара итни реални инвестиции во земјоделството, формирање на државни капацитети за откуп и преработка и конечна заштита на достоинството на македонскиот лозар, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: За ДПМНЕ доволен е само владин записник за да се исплатат 300 милиони денари за Гета

А1он

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата