ВИДЕО: Деведесет и седумгодишна Швајцарка пее во хеви метал бенд

Од:

Швајцарската новинарка и писателка Инге Гинсберг, последниве неколку години реши да се испроба како пејачка во хеви метал бендот „Инге енд Тритон Кингс“.

Случајот не би бил невообичаен, освен ако се занемари фактот дека Инге и има 97 години.

Таа стана позната за пошироката јавноста со настапот во швајцарската верзија на шоуто „Јас има талент“, каде проговори за својот живот.

– Мојот најголем талент не е пеењето, туку преживувањето. Важно е да останете активни, да се опкружите со млади луѓе и да пробате работи кои никогаш порано не сте ги направиле, изјави Инге, која пишува поезија и своите стихови ги рецитира преку хеви метал песните на германски и англиски јазик.

Инге Гинсберг е родена во 1922 година во Виена во богато еврејско семејство, но идилата во нејзиниот дом исчезнала по германската анексија на Австрија во 1938 година. Откако татко и побегнал во Велика Британија, мајка и била принудена да го продаде семејниот накит за да обезбеди илегално бегство на семејството, Така, во 1942 година Инге како бегалец доаѓа во Швајцарија, каде била сместена во бегалски камп.

Подоцна таа се омажила за композиторот Ото Колман и извесен период живеела во Холивиуд, по што се вратила во Швајцарија.

Запрашана што мислат другите за нејзините амбиции да биде пејачка во хеви метал група, Инге одговара: „Искрено, не ми е гајле. Не ме интересира“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски