Зошто Боко Харам се такви варвари?

Од:

Спајкд –  Лондон

Детали за тоа што се случило во градот Бага во североисточна Нигерија остануваат нејасни. Она што го знаеме е дека на 3 јануари исламистичката организација Боко Харам извршила дивјачки напад. Сведоци зборуваат за стотици мртви тела, повеќето на жени и деца, како лежат по улиците на градот. Еден локален политичар рече дека преку две илјади луѓе биде заклани. Други велат дека биле помалку. Но она што со извесност можеме да го кажеме е дека ова е варварски чин извршен од варварска организција.

Изникувањето на Боко Харам како брутална безмилосна сила која контролира огромни територии во северна Нигерија (некои извештаи од минатата недела велат дека тие сега доминираат врз област со големина на Коста Рика или Словачка) е тестамент за внатрешниот хаос во Нигерија. Всушност, нигерискиот претседател Гудлак Џонатан едвај го спомна масакрот во Бага и наместо тоа избра да изигрува глобален државник кој му изјавува сочуство на франскусиото народ по масакрите во Париз. И не треба да изненадува: бунтот на северот докажува дека е поголем проблем за решавање, кој тој без сомнение ќе сонува да го снема во трката на претседателските избори во февруари. Тоа ја покажува слабоста на нигериската држава, растечката неспособност за обединување на земјата разнебитена од географски, политички и религиозни поделби, расцепот во земјата помеѓу сиромашниот север во кој доминираат муслиманите и малку помалку сиромашниот југ каде доминираат христијаните. Не изненадува тоа што во северна Нигерија недовербата во централната влада е многу висока. Тоа заедно со слабите локални политички институции, општо недоволниот развој и познатото владеење на корупцијата, и имате ситуација зрела за политичко искористување. А неа со сигурност ја користи Боко Харам – со брутален ефект, со наметнување на џихадистичка правда врз христијаните и врз ним сличните муслимански „предавници“.

Сето ова е депресивно познато. растурена држава во конфликт, каде не постои автроритет и која си одгледува свои сопствени копачи на гробови. Но исто постои нешто посебно современо во врска со Боко Харам. Тоа може да се види во безсовесната екстремност на  насилството, во нејзиниот нихилизам, во нејиното варварство засновано на имагинација. Ова е организацијата која масакрираше стотици ученици, организацијата која киднапираше стотици ученички, организацијата која сега безмилосно коле жители на мал град. Накратко, Боко харам делува со практично никакви ограничувања. Изгледа нпшто не ги спречува нејзините членови од извршувања на злосторства. Ниту географијата, ниту територијата, а дефинтивно не моралот. Зошто е така? Зошто тие изгледаат толку незасегнати од загриженоста која порано ги ограничуваше дури и најсуровите политички револуционери? Зошто овие изгледаат толку недопирливи од чувствата и за животите на локалното население? Зошто придобивањето подршка е толку неважно за Боко Харам?

Затоа што Боко Харам повеќе не се локални. Да, според името кое на организацијата и го дадоа медиумите значи „западното образование е забрането“, но дури и тоа е претопно во споредба со мисијата на организацијата по кое можеби може подобро да се разбере значањето на вистинскиот назив: „Џама`атул алхул сунна лида`вати вал џихад – или во превод: „Луѓе посветени на учењата на Пророкот и на џихадот“. Тука лежи клучното разбирање на варварството на Боко Харам. Нивните цели не се територијални; ниту пак се вистински поврзани со посебни интереси за одредени социјални заедници во северна Нигерија. Не се работи ниту за добивање на одредени отстапки од владата на Џонатан, или пак за постигнување на одреден степен на локална автономија. Нивното поле на гледање е етичко. Не сакаат ништо помалку отколку да го скројат светот според својата претстава. Во една изјава на Боко Харам стои: „Кај секој народ, во секој регион муслиманите сега треба да донесат одлука. Или сте со нас, мислам на вистинските муслимани кои ги следат цврстите чекори, или сте со Обама, Франсоа Оланд, Џорџ Буш. Буш! Клинтон!… или било кој неверник… Убивај! Убивај! Убивај! Убивај! Оваа војна е против христијаните. Мислам на сите христијани воопшто“. Оние мажи и жени кои живеат и дишат на места како Бага, не се ниту во близина на нивната космичка битка. Тие едноставно ја фаќаат суштината во светло на оваа забегана маникејска борба.

Во овој пресврт од локални политички битки, потенцирана од јасни и конкретни интереси, кон неколеблива глобална визија, во која страшното варварство е средство за поредок според Алах, Боко харам не е сосема сама. Неа и се приклучуваат талибанците, кои не сакаат ништо освен да напаѓаат училишта за деца на воениот персонал во Пакистан, кога убија 141 ученик; и се разбира, Исламска држава (ИД). Затоа што и покрај своето име, ИД е фундаментално бездржавна, бескоренита сила исполнета со борци од целиот свет и кои водат војна за, да речеме, сосема апстрактен глобален калифат. И оние кои ќе и се најдат на патот ќе бидат грабнати, убиени или заклани, онака како што народот језиди го почувствуваа тоа во јули 2014 година, кога ИД закла многу нивни во планините во северен Ирак. Овие организации воопшто не се политички. Тие се постполитички, а нивната мотивација е апстрактно морална.

Крвавоста на овие нови космички отпадници зборува за, како што Бернард Онил тоа го напиша во Телеграф во 2013, „длабока криза на политиката и моралноста“; за исцедување на старите идеологии и политички структури кои владееја со домашниот и меѓународниот живот веќе подолго време, што доведе до пораст на нови организации кои „излегува дека слободно пловат надвор од нормалните политички правила и морални чувства на вина“. Решението за ова не е поголема западна интервенција, како што некои изгледа веруваат. Всушност, неодамнешните интервенции кои беа водени повеќе од краткорочни политички потреби на западните владетели отколку од јасните планови или агенди за територии во странски земји, го оставија поголемиот дел од светот без власт и во хаос, со што нарасна просторот во кон новите постполитички нихилисти можат да делуваат и да се здобиваат со влијание. Не, она што ни треба е далеку подобра анализа за колапсот на политичкиот живот од кои се изроди новиот тероризам, и сериозна меѓународна посветеност на славењето на водечките вредности за слободата и демократијата, кои можат да се спротивстават на неконтролираната мизерија и пеколот кои ги прават Боко харам и другите.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска