Земјотресот во Непал го поместил Монт Еверест за три сантиметри

Од:

Земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер, што на 25 април го погоди Непал ја поместил највисоката планина во светот за три сантиметри југозападно, соопшти денеска кинеската Национална администрација за мерење, картографија и геоинформации.

Според агенцијата Монт Еверест се подигнал за три сантиметри во изминатите десет години, по 0,3 сантиметри годишно и се поместил за 40 сантиметри североистично, по 4 сантиметри годишно.

– Монт Еверест постојано се лизга кон североисток, а неодамнешниот земјотрес малку го врати назад, изјави Су Сивеј, претставник на Геолошкиот институт на кинеската администрација за следење на земјотреси.

Вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени по Рихтер, што го погоди Непал на 12 мај, не предизвика никакво значително поместување, се истакнува во кинеската студија.

Во двојниот земјотрес во Непал животот го загубија над 8.700 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов