Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

Од:

Полицијата соопшти дека за едно деноноќие од земјава исчезнале 10 работници од Непал.

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје, а кои биле вработени во неговата фирма.

Потоа, во 14.15 часот во СВР Скопје, Л.Џ.(36) од Скопје пријавил дека од работното место во Тетово се оддалечиле четири лица од Непал, со привремен престој во Скопје, кои биле вработени во компанија од Тетово, подружница Скопје, каде што тој е управител.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куќа на ужас на мртов порнограф во САД: Пронајдени снимки од најмалку пет мртви жени

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Силен земјотрес го погоди Тибет

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Непал: Властите веруваат дека речиси 1.000 работници се заробени во тунели