(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

Од:

Спасувачките екипи во Непал денес извлекоа двајца живи работници од тунел на хидроелектрана, девет дена откако катастрофалните поплави опустошија градови и однесоа цели села.

Нивното спасување ја зголеми надежта дека ќе бидат пронајдени и десетици други лица за кои се верува дека се заробени во тунелите на градилиштето.

Двајцата работници беа спасени од главниот тунел на градилиштето „Тришули 3А“.

Непалскиот пратеник Шри Рам Неупане ја објави веста за спасувањето на вториот работник на својот профил на Фејсбук, кратко откако портпаролот на армијата го потврди спасувањето на првиот заробен работник.

Надлежните ги идентификуваа како раководител за механизација и надзорник на работите.

Спасувачите утрово првпат слушнаa гласови од тунелот, што потврди дека луѓето се живи и овозможи нивно лоцирање, изјави непалски пратеник.

Локалната телевизија прикажа снимки од првиот спасен работник, покриен со кал, додека спасувач го носи на раменици. Надлежните соопштија дека двајцата се во стабилна состојба и се пренесени во болница во Катманду.

Најмалку 557 работници се водат како исчезнати од хидроенергетскиот проект „Тришули 3А“ на реката Тришули, при што се претпоставува дека околу 115 од нив се заробени во главниот тунел.

Министерот за комуникации на Непал, Бикрам Тимилсина, изјави дека надлежните се надеваат оти ќе бидат спасени уште работници.

Според непалската агенција за управување со катастрофи, најмалку 1.259 лица загинаa во ненадејните поплави на 26 август, веројатно предизвикани од уривање на глечер, а повеќе од 5.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Силен земјотрес го погоди Тибет

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Непал: Властите веруваат дека речиси 1.000 работници се заробени во тунели

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676