Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

Од:

Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани од обилните дождови во Истанбул, додека четворица се водат како исчезнати, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот на Истанбул.

Обилните врнежи доведоа до излевање на водотеците, поплавување на куќи, деловни објекти и патишта, како и до сериозни сообраќајни проблеми.

Како што пренесува „Си-Ен-Ен Турк“, 34-годишен маж почина во болница откако падна и удри со главата од тротоарот додека се обидуваше да ја премине улицата, додека 14-годишно момче настрада од струен удар во населбата Фатих.

Телото на третата жртва е пронајдено заглавено во носечка конструкција на мост во близина на паркот Садабат, во општината Кагитане, а постапката за идентификација е во тек.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

Квартетот „Стрингендо“ со свечен концерт во Истанбул по повод 35 години независна Македонија

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он