Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Од:

Четири лица загинаа, а три се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолти и портокалови предупредувања за 45 провинции поради понатамошните обилни врнежи и силни ветрови.

Портокаловото предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолтото предупредување се однесува на уште 40 провинции, објави денеска „Хуриет“.

Локално многу обилни врнежи се очекуваат во Истанбул, особено од пладне, а најранливи би можеле да бидат северните и анадолските делови на градот.

Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи се предвидуваат и во Бурса, Билечик, Кочаели, Сакарија, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области Дизе.
Поројни врнежи и грмежи се очекуваат и во делови од Егејското Море, Медитеранот, централна и источна Анадолија, како и во западниот и централниот регион на Црното Море.

Метеоролозите предупредуваат и на силен ветер и невреме, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час.

Во некои предели се очекуваат невреме од западен и северозападен правец, додека во други региони ќе дува јужен ветер.

Поради опасност од поројни поплави, одрони, удари на гром, град, оштетувања на покриви и прекини во сообраќајот, се препорачува граѓаните да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби.

На повисоките места во провинциите Бурса и Кутахија се очекува појава на лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Илјадници Турци протестираа во Истанбул поради затворање медиуми блиски до опозицијата

Во руски напад врз Криви Рих загина медицинска сестра – 20 луѓе се ранети

А1он

1.144 деца загинаа или се повредени годинава во Украина

А1он

Судот ја поништи дипломата на Имамоглу, сериозен удар за неговите претседателски амбиции

Ататурк останува најпопуларен меѓу Турците

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он