Земјите од Г-20 се договорија да го зајакнат економскиот раст

Од:

Лидерите на земјите од Г-20, кои учествуваа на дводневната средба во Бризбејн, се договорија за серија мерки, кои ќе дадат поттик на нивните економии со дополнителни 2,1 проценти во наредните пет години преку поттикнување инвестиции во инфраструктурата и трговијата.

Во завршната декларација се наведува дека ако иницијативата за два билиони долари биде до крај исполнета, светскиот БДП ќе се зголеми за 2,1 проценти над очекуваните нивоа до 2018 година и ќе бидат создадени милиони работни места.

Лидерите на најбогатите држави се договорија да работат заеднички, за да го ограничат затајувањето даноци и корупцијата, како и да ги зацврстат финансиските институции, за да избегнат повторување на светската финансиска криза од 2018 година.

Во нивните ангажмани беше вклучена и поддршја за „силни и ефикасни дејствија за справување со климатските промени“.

Во Бризбејн лидерите на САД и Европа имаа директни преговори со цел да биде постигнат што е можно поголем напредок за сеопфатен и амбициозен договор за Трансатланското и инвестициско партнерство.

Извршниот директор на ММФ Кристин Лагард, која учествуваше на самитот, ја определи 2014 како „најпродуктивна година за Г-20“.

Во 2016 година средбата на врвот на Г-20 ќе се одржи во Кина.

Г-20 вклучува 19 земји (Аргентина, Австралија, Бразил, Велика Британија, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Канада, Кина, Мексико, Република Кореја, Русија, Саудиска Арабија, САД, Турција, Франција, Јужна Африка и Јапонија) и ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ердоган до лидерите на Г20: Исполнете ги барањата на Русија

Предраг Петровиќ

Групата Г20 и даде на Африканската унија ист статус како и на Европската унија

Блинкен: Не планирам да се сретнам со руски и кинески министри на самитот на Г-20

Ана Ололовска

Индија и Кина прават притисок на Г20 во соопштението за Украина да го нема зборот војна

Земјите од Г20 усвоија конечна декларација во која се критикува војната во Украина

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

А1он