Зеленски: Не сум сигурен дека Путин е воопшто жив и кој ги носи одлуките во Москва

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на економскиот форум во Давос изјави дека не е сигурен дали претседателот на Русија Владимир Путин е воопшто жив, пренесува „Украинска правда“.

„Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што. Не сум сигурен дека рускиот претседател кој понекогаш се појавува на зелениот екран е всушност оној (вистинскиот). Не разбирам навистина дали е жив и одлучува или кој друг одлучува таму. Која група на луѓе (би можела да донесе некакви одлуки во Русија)? Немам такви информации”; – рече Зеленски.

Тој додаде дека не разбира како некој може да им ветува на европските лидери едно нешто, а следниот ден да изврши целосна инвазија на друга земја.

„Едноставно не разбирам со кого си имаме работа. Кога велиме „мировни разговори“, навистина не разбирам со кого (треба да преговараме). Сега разговараме со вас: знаете точно кој сум јас , а јас точно знам кој сте. Има сведоци дека сме живи. Дури и да зборуваме за различни работи, можеме да постигнеме консензус“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина направила се за да ги ослободи своите територии преку дипломатски средства, а мировните преговори сами по себе се уште не се мир.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русите подготвуваат голема офанзива

Зеленски: Сакаме праведен крај на оваа војна

Горан Наумовски

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски

Путин за атентатот на Фицo: Ова монструозно злосторство нема оправдување

Горан Наумовски