Од минута во минута: Погребот на Кралицата Елизабета

Од:

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон.

18:33 – Светот се прости со кралицата, од ковчегот беа отстранети државна круна, топката и жезолот

Во капелата Свети Џорџ во Виндзор попладнево заврши последната јавна богослужба за кралицата Елизабета Втора со која светот се прости со еден од најдолговечните монарси.

17:47 Меган Маркл не можеше да ги задржи солзите додека го носеа ковчегот на кралицата

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, денеска плачеше на погребот на кралицата Елизабета.

16:18 – Принцовите повторно јавно понижени од своето семејство: Хари ставен во ист кош со својот блуден вујко Ендру

На денот на погребот на кралицата Елизабета Втора, принцовите Ендру и Хари повторно беа јавно понижени од своето семејство. Имено, додека останатите членови на кралското семејство во поворката што го следеше ковчегот шетаа облечени во војнички униформи, двајцата одеа до нив во обични одела.

15:59 – Биле потребни 50 години да се заврши: Капелата Свети Џорџ во Виндзор последното почивалиште на Кралицата

Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана во капелата Свети Џорџ заедно со нејзиниот сопруг принцот Филип, во нејзиниот сакан замок Виндзор.

Историската капела е последното почивалиште за многу од најголемите англиски монарси.

15:45- ВИДЕО: Џо Бајден „заглави“ во сообраќајниот метеж со лимузина отпорна на куршуми

Американскиот претседател Џо Бајден „заглави“ во сообраќајниот метеж со лимузината додека одеше кон Вестминстерската опатија.

15:36 – Полицаец и војник се онесвестија на погребот на Кралицата, лекарска помош побарале 403 лица

Полициски службеник на должност за време на погребот на кралицата се онесвести неколку моменти пред да помине поворката што го носеше ковчегот на кралицата.

15:00 – Што има на ковчегот на кралицата Елизабета

На ковчегот на кралицата Елизабета е Империјалната круна. Изработена е од злато и обложена со 2868 дијаманти, 17 сафири, 11 смарагди, 269 бисери и четири рубини.

14:55 – Ковчегот со кралицата Елизабета Втора замина на своето последно патување до замокот Виндзор

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

14:18 – Ковчегот ќе биде префрлен во погребната кола, кралското семејство ќе го продолжи патувањето со автомобили

Ковчегот ќе биде префрлен од кочијата во погребната кола, која ќе го продолжи патувањето до Виндзор.

13:16 – Заврши државниот погреб на Кралицата, ковчегот се движи кон Виндзор

Патувањето ќе продолжи преку Лондон до Арх Велингтон, од каде кралицата ќе го направи своето последно патување до замокот Виндзор за да биде погребана.

13:13 – Кралскиот гајдаџија последен се прости од кралицата на богослужбата во Вестминистерската опатија

Со последен поздрав од британскиот кралски гајдаџија и претходно британската химна „Боже чувај го кралот“ заврши богослужбата за кралицата Елизабета Втора.

12:54 – Вака изгледаат улиците на Манчестер за време на погребот

12:49 – Британците го следат погребот на екраните што се поставени низ целата земја

12:09 – Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, по што ќе следи двеминутно молчење

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери Џастин Велби, по што ќе има две минути молчење во црквата и низ Обединетото Кралство.

12:00 – ВИДЕО: Ковчегот со кралицата Елизабета пристигна во опатијата

Ковчегот пристигна во опатијата, почна државниот погреб.

11:48 – Ковчегот е ставен на кочијата, започна поворката

Ковчегот е поставен на кочија, влечена од поморски офицери, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

11:35 – Наскоро започнува државниот погреб на Кралицата Елизабета

Богослужбата, која ја води игуменот Дејвид Хојл, ќе започне напладне по средноевропско време.

10:42 – Илјадници луѓе на патот пред замокот Виндзор

Илјадници луѓе се собраа на пет километри долгиот приод до замокот Виндзор.

10:31 – ВИДЕО: Политичарите пристигнуваат во Вестминстерската опатија

Политичарите почнаа да пристигнуваат во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи државниот погреб на кралицата Елизабета.

09:49 – ВИДЕО: Погребот на Кралицата го обезбедуваат огромен број полицајци и војници

Шпанскиот новинар Хозе Луис Састре објави видео од полицијата и војската во близина на Вестминстер.

09:38 – Макрон: Ви благодариме, Ваше Височество

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави компилација од архивски снимки на кралицата Елизабета.

09:37 – ВИДЕО: Објавена рутата по која ќе се движи ковчегот на кралицата Елизабета

NBN News објави симулација која покажува по кој пат ќе помине ковчегот на кралицата Елизабета денес. Ковчегот со погребна кола ќе биде однесен во Виндзор, на југоисток, на триесетина километри од главниот град.

07:45 – ВИДЕО: Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора

Kралицата Елизабета Втора ќе биде погребана вечер во капелата Свети Џорџ до замокот Виндзор.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он