Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери Џастин Велби, по што ќе има две минути молчење во црквата и низ Обединетото Кралство.
Молитвите ќе каже и архиепископот од Јорк, кардиналот архиепископ од Вестминстер, модераторот на Генералното собрание на црквата на Шкотска и Слободните цркви.
Ќе говорат и британската премиерка Лиз Трас и генералниот секретар на Комонвелтот Патриша Скотланд со читања од Светото писмо.
Ковчегот во Вестминистерската опатија, црква која датира од 13-от век, пристигна на лафет кој го влечеа офицери на британската морнарица, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година. Пред кочијата маршираа и 200 гајдаџии.
Поворката зад ковчегот ја предводеше кралот Чарлс Трети и членовите на британското кралско семејство.
Државниот погреб ќе заврши околу 13:00 часот со националната химна, последен поздрав од труба и хир што ќе го свири гајдаџиот на кралицата.