Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

Од:

Денеска се одржа официјалната церемонија и погребот на покојната кралица Елизабета Втора. Нејзиното семејство го следеше секој детал од протоколот и со почит ја испрати во нејзиниот вечен одмор.

Тажно и достоинствено, вака кралицата Елизабета Втора беше испратена на вечното патување со целиот погребен протокол и повторно се спои со својот сакан Филип. Нејзиното височество остави огромен белег во англиската и светската историја. Денеска сите медиуми во светот посветија ден на испраќањето на кралицата и истакнаа колку добродетел и хуманитарец го напуштила овој свет.

Британија денеска беше во солзи, кралското семејство се обиде да ги издржи овие последни, тажни моменти од збогувањето на кралицата. Рачно напишана картичка на врвот на ковчегот  гласи: „Во љубов и посветено сеќавање. Чарлс Р“.

За време на поворката на кралицата, кралот Чарлс беше видно на работ на солзи, со што започна тежок и тажен ден за него.

Меган Маркл сепак беше видно потресена и не ги криеше солзите како Кејт Мидлтон. Реакцијата на Меган Маркл, според медиумите кои го објавија овој настан, била „чиста емоција“, со што покажала дека смртта на кралицата Елизабета Втора навистина ја погодила.

По доаѓањето во капелата Свети Џорџ, новиот крал Чарлс веќе не можеше да ги задржи солзите, а камерите одблиску снимија како изгледаше додека се пееше химната на Велика Британија.

Колони луѓе во солзи

Британија тагува, а доказ се масовните фотографии и видеа од луѓе кои плачат за време на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Хари изостана од погребниот говор

Епископот од Лондон, Елизабет Мулали, во своето обраќање на погребот на кралицата Елизабета, изрази длабоко сочувство до семејството на монархот, но при набројувањето го изостави внукот Хари.

Надбискупот од Кентербери Џастин Велби за време на богослужбата рече дека целиот свој живот го посветила на служба на нацијата

„Ретко некој го исполнува ветувањето толку добро. Примерот на нејзиното височество не беше поставен преку нејзината амбиција и позиција, рече надбискупот.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

И кралицата Камила зема одмор и повремено се повлекува од должностите

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

На кралот Чарлс му бил дијагностициран рак

Меган Маркл подготвува голем проект

За време на крунисувањето, Чарлс ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници