Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

Од:

Кралското семејство, од моментот на склопувањето на бракот меѓу принцезата Елизабета и полковникот Филип, го носи презимето Маунтбатен-Виндзор.

Маунтбатен доаѓа од припадноста на поранешниот принц Филип, кој во моментот кога се оженил со принцезата Елизабета, со благослов од нејзиниот татко Кралот Џорџ Шести, станал принц според бракот. Презимето, т.е. припадноста Виндзор ја вовел дедото на кралицата, со цел да се оттргне од германската припадност на куќата Сакс-Кобург-Гота.

Со бракот, потомците на Елизабета и Филип, кои подоцна станаа кралица и принц-консорт, го носат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Всушност, тоа се и презимињата на децата на Меган и Хари, кои со тоа што се внуци на монархот, имаат право на титулата принц и принцеза. Сепак, нивните родители постојано бараат некаква „закачка“ со кралското семејство, особено откако и официјално ги напуштија кралските должности и заминаа во САД.

Родителите сега сакаат, наместо Маунтбатен-Виндзор, нивните деца да го носат презимето Сасекс, според војводството кое им припадна со стапувањето во брак.

Инаку, членовите на кралското семејство кои се во директната линија за наследство на тронот, вообичаено го користат презимето со кое искажуваат припадност кон војводството. Па така, децата на принцот Вилијам долго време го користеа Кембриџ како презиме.

Сепак, традицијата е кога членовите на кралското семејство се пониско во линијата за тронот, да го користат семејното име Маунтбатен-Виндзор, особено доколку немаат официјална кралска титула. Пример за тоа е најмладата внука на Кралицата Елизабета, лејди Луиз Маунтбатен-Виндзор, ќерка на принцот Едвард, кој сега од својот брат ја доби титулата војвода од Единбург.

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган Маркл подготвува голем проект

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ

Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

А1он

Принцот Хари: Лага е дека сум убил 25 талибанци

А1он