Англиското издание на книгата на принцот Хари продадено во над 1,4 милиони примероци

Од:

Мемоарите на британскиот принц Хари, со прилично остри критики кон британското кралско семејство, со својата продажба надмина 1,4 милиони примероци на првиот ден од објавувањето на англиски јазик, објавија издавачите.

Издавачката куќа „Пенгвин рендом хаус“ објави дека продажбата на автобиографијата на Хари, „Spare“ во сите облици на објави (печатен, аудио и на интернет) е без преседан во Велика Британија, САД и Канада. Книгата е преведена на 15 јазици, но податоците за продажбата на другите изданија сѐ уште не се познати.

И покрај добрата продажба на книгата, принцот Хари не е многу популарен во Обединетото Кралсво каде што често го нарекуваат „разгалено дете“ кое ги користи придобивките од кралското потекло. Според анкетите, само 26 отсто од Британците имаат позитивно мислење за Хари.

Во својата книга, принцот го критикува својот татко, кралот Чарлс Трети, постариот брат, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и за маќеата, кралицата Камила.

Бакингемската палата сѐ уште нема коментар за наводите во книгата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ

Принцот Хари: Лага е дека сум убил 25 талибанци

А1он

Објавени мемоарите на принцот Хари, рангирани како најпродавана на „Амазон“

А1он