На денот на погребот на кралицата Елизабета Втора, принцовите Ендру и Хари повторно беа јавно понижени од своето семејство. Имено, додека останатите членови на кралското семејство во поворката што го следеше ковчегот шетаа облечени во војнички униформи, двајцата одеа до нив во обични одела.
Тој детаљ не им избега на британските таблоиди, кои сугерираат дека ова појасно од кога било ја отсликува состојбата на нивното семејство.
Тие велат дека овој потег на сите им ставил до знаење дека принцот Ендрју, кој е омразен поради сексуални престапи, и принцот Хари, омразен поради напуштањето на семејството и откривањето на неговите мрачни тајни, имаат еднаква позиција во очите на другите членови на кралското семејство.
Да потсетиме дека во текот на претходните денови имаше индикации дека Хари, неговата сопруга Меган и принцот Ендрју не се добредојдени, пред се првично беше одлучено Меган и Хари да бидат зад нивните внуци во поворката, што покажува дека семејството ги смета за најмалку важни.
Исто така, пред неколку дена беше одлучено принцот Ендрју, поради секс скандалот со Џефри Епштајн, да не смее да ја носи униформата на денот на погребот, што директно направи разлика меѓу него и останатите Децата на кралицата.
Денеска во Лондон ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора. На погребот присуствуваат повеќе од 500 официјални лица од целиот свет, а настанот кој медиумите го нарекуваат „погреб на векот“ преку директен пренос ќе го следат милиони луѓе ширум светот.
Исто така, голем број граѓани на Британија, каде денешниот ден беше прогласен за неработен, излегоа на улиците да ја испратат кралицата.