Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

Од:

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп коментираше дека Џо Бајден седел во 14-тиот ред на погребот на кралицата Елизабета Втора.

По тој повод Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави фотографија од собраните лидери со црвена стрелка која покажува кон Бајден.

Тој тврди дека ако сè уште беше претседател, ќе седеше на фронтот, и дека сегашниот распоред на седиштата е показател за рејтингот на САД, кој, според него, е намален откако Бајден стана претседател.

„Ова и се случи на Америка за само две кратки години. Нема почит“, рече Трамп.

Тој додаде дека е добра можност актуелниот претседател подобро да се запознае со некои лидери на земји од третиот свет.

Инаку, според протоколот, лидерите на земјите од Комонвелтот беа поставени пред останатите шефови на држави. Така, канадскиот премиер Џастин Трудо се најде девет реда пред американскиот претседател.

Џо Бајден и првата дама Џил седнаа до претседателот на Швајцарија, пред нив беше претседателот на Полска, а зад нив премиерот на Чешка. Кинескиот претставник беше во ист ред со Бајден.

Не е јасно на кого мислел Трамп кога рече „лидери од третиот свет“.

Би можело да ве интересира

Медведев: Од Кубанската ракетна криза не сме биле толку блиску до Третата светска војна

Горан Наумовски

Трамп ги повика поддржувачите да одат во одлучувачките држави за победа на изборите

Џонсон: Бајден треба да биде отповикан, Белата куќа крие докази против неговиот син

Бајден: Верувам дека сме блиску до договорот за ослободување на заложниците

Бајден: Окупација на Газа е грешка, единствено решение е две држави

Хамас го обвини Бајден и за влезот на израелската армија во болницата Ал Шифа

Катерина Ѓуровски