Во „Рајските документи“ врска меѓу министер на Трамп и зетот на Путин

Од:

Американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, поседува акции во компанијата за гас, во која дел од сопственоста има зетот на рускиот претседател Владимир Путин, покажаа „Рајските документи“.

Според податоците на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), Рос има акции во шпедитерската компанија Навигејтор холдингс, на која еден од главните клиенти и е петрохемискиот производител Сибур. Зетот на рускиот претседател, Кирил Шамалов поседува 20 отсто од сопственоста на компанијата, иако неговиот удел е сега многу помал.

Портпаролот на министерството за трговија, Џејмс Рокас денеска изјави дека Рос никогаш не се запознал со Шамалов и дека ги поддржува санкциите на администрацијата на Доналд Трамп против Русија. Тој додаде дека американскиот министер за трговија се повлекол од шпедицијата и дека ги исполнил „најголемите етички стандарди”.

Бизнисот на Рос повторно го отвора прашањето за врските меѓу американската и руската администрација, тема која пред неколку месеци фрли сенка врз Белата куќа и е во фокусот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, кој ги испитува наводите за врските меѓу Москва и тимот на Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Почна средбата меѓу Путин и Си во Пекинг, по што ќе следи дискусија со учество на делегации

Горан Наумовски