Нигериската полиција уапси еден од командантите на групата Боко харам, познат како Главниот џелат.
Мохамед Закари (30) е уапсен за време на операцијата на нигериските безбедносни сили врз една од базите на исламистичката група во североисточниот дел на Нигерија. Базата се наоѓала во шумата Балмо во сојузната држава Баучи.
Баучи е најпогодена од насилството на Боко Харам, каде за пет години загинале 10.000 луѓе.