Во Италија безбедно заврши префрлањето на сириското хемиско оружје од дански на американски брод

Од:

Во италијанското пристаниште Џоја Тауро синоќа успешно заврши операцијата на префрлање на неколку стотици тони сириско хемиско оружје од дански на американски брод, што ќе биде уништено во морето, во рамки на меѓународните напори за хемиско разоружување на Сирија, соопшти ИТАР-ТАСС.

Дванаесчасовната операција заврши според распоредот и без инциденти, под будното око на инспекторите од Организацијата за забрана на хемиските оружја. Тие го потврдија префрлањето на сите 78 контејнери со 600 тони од најопасните хемикалии, вклучувајќи и иперит и прокурзори за нервно-паралиптичкиот гас сарин, од палубата на данскиот брод „Арк Футара“ на американскиот брод „Кејп Реј“.

Набрзо по товарењето бродот „Кејп Реј“ се упати кон меѓународните води во Средоземно Море, каде хемикото оружје ќе биде неутрализирано со помош на полски систем за хидролиза, разработен од Пентагон.

Според оценки на американски експерти, процесот ма уништување на хемиското оружје може да трае приближно 60 дена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

Во Сирија училишен автобус излетал од патот, најмалку седум загинати

А1он

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ