(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Од:

Опозициски пратеник мораше да биде отстранет од италијанскиот Парламент во средата по расправија и тепачка за време на дебатата за поголема регионална автономија. Леонардо Доно од популистичкото Движење пет ѕвезди бил турнат од други пратеници и соборен на подот во хаотични сцени во Долниот дом на Парламентот, објавија италијанските медиуми.

Дебатата беше за законот за таканаречена диференцирана автономија на регионот предложен од десничарската влада. Законот им дава на регионите поголеми овластувања, на што опозицијата се противи.

Кога пред еден месец се расправаше во Сенатот, дојде до вербални пресметки меѓу претставниците. Но, сега опозициските парламентарци од Претставничкиот дом вееја италијански знамиња и ја пееја националната химна.

Кога Доно се обиде да му го предаде знамето на министерот за регионална администрација, неколку пратеници се упатија кон него и почна турканица.

Остана нејасно дали Доно сам паднал или од ударите, а претседателот на домот ја прекинал седницата и најавил дека ќе одлучи за евентуалните мерки кога ќе го прегледа видеото.

Говорејќи за телевизијата Ла7, Доно рече дека бил во болница и чекал да биде прегледан од лекарите откако „добил многу удари“.

„Не можам да верувам дека такво нешто се случи во Претставничкиот дом“, рече Доно.

Би можело да ве интересира

Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, еден од нив нападнал и полицаец

Горан Наумовски

Се истепале двајца вработени во основно училиште во Сарај

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

Две големи семејства од Штип се истепале со разни предмети

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Се истепале две малолетнички од Скопје, против двете полицијата најави пријави