Во Чад поддршка за учеството на војската во борбата против Боко харам

Од:

Десетици илјади лица излегоа денеска на улиците на главниот град на Чад, Нџамена, во знак на поддршка на одлуката на Владата да испрати војници во борбата против нигериското исламистичко движење Боко харам.

Премиерот Калзебе Пахими Дебе ги предводеше демонстрантите низ Нџамена, до плоштадот Плас де насион.

Учесниците во собирот носеа знамиња на Чад и на француски и арапски извикуваа „Исфрлете ги сили на злото од нашата територија“.

Учесниците носеа и голем напис, на кој беше испишано „Ја поддржуваме својата војска. Народот на Чад ги поддржува своите браќа од Камерун и Нигерија во борбата против тероризмот“.

– Денешните протести се силно предупредување за Боко харам. Над се ова е марш за мир, за да ги заштитиме своите витални интереси, својата економија и безбедноста на Чад, изјави Дебе.

Десетици тенкови на војската на Чад се упатија од Нџамена кон југ, на границата со Мерун, откако Парламентот ја одобри операцијата.

Би можело да ве интересира

Упад на Боко Харам во затвор во Абуџа, избегаа околу 300 затвореници

Ана Ололовска

Боко Харам го засилува влијанието на запад од Нигерија, заробени шест локални заедници

А1он

Во напад на Боко Харем убиени шестмина камерунски војници

Ана Ололовска

Најмалку 70 цивили убиени во два напада на исламистите во Нигер

Во Нигерија при напад на Боко Харам убиени најмалку седум луѓе

Жарко Настоски

Групата Боко Харам тврди дека киднапирала стотици ученици во Нигерија

Ана Ололовска