ВИДЕО: Иран претстави оружје што ги прави работите на Блискиот исток понеизвесни

Од:

Иран денеска на воена парада претстави нова балистичка ракета со цврсто гориво и подобрено беспилотно летало од новата генерација.

Ракетата со цврсто гориво „Џихад“ е дизајнирана и произведена од воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда и има оперативен дострел од 1.000 километри.

Беспилотното летало Шахид-136Б е подобрена верзија на моделот Шахид-136 со нови карактеристики и домет од повеќе од 4.000 километри, објави државната новинска агенција ИРНА.

На годишната воена парада во Техеран учествуваше и новиот претседател Мазд Пезешкијан.

„Денес, нашите одбранбени и одвраќачки способности пораснаа толку многу што ниту еден демон нема ни да помисли на каква било агресија против нашиот драг Иран“, рече Пезешкијан.

Тој повика на единство на исламскиот свет.

„Со единство и сплотеност меѓу исламските земји… можеме да го ставиме на негово место крволочниот, геноциден узурпатор Израел кој не покажува милост кон никого, жени или деца, стари или млади“, додаде Пезешкијан.

Воената парада беше организирана како потсетување на војната со Ирак, која тогаш ја водеше Садам Хусеин од 1980-1988 година.

Блискиот исток стана жариште на тензии по израелскиот напад на Појасот Газа на 7 октомври 2023 година, но кој следеше по нападот и убиството на цивили во израел од страна на Хамас.

Тензиите дополнително ескалираа оваа недела по израелскиот напад врз Либан. Во израелски воздушен напад врз упориштето на Хезболах во Бејрут во петокот загинаа 16 членови на нивните елитни сили Радван.

Би можело да ве интересира

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел