Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешниот телефонски разговор дека страдањето на цивилите во Газа мора да заврши и дека само прекин на огнот во таа енклава може да ги ослободи преостанатите израелски заложници, пренесоа денеска француските медиуми.

Макрон повика и на отворање на сите премини за влез на хуманитарна помош во Газа, пишува „Монд“. Како што пренесува „Монд“, Макрон му пренел на израелскиот лидер дека ослободувањето на сите заложници и демилитаризацијата на Хамас остануваат приоритети за Франција, додавајќи дека се надева на прекин на огнот и евентуално отворање на перспективата за политичко решение со две држави.

Бела куќа: Америка нема да им се придружи на сојузниците од Г7 во осудата…

Според соопштението од кабинетот на Нетанјаху, израелскиот премиер му го пренел на Макрон своето силно противење на формирањето на палестинска држава, наведувајќи дека тоа ќе биде огромна награда за тероризмот.

„Израелскиот премиер му рече на францускиот претседател дека палестинската држава формирана веднаш до израелските градови ќе стане упориште за иранскиот тероризам и дека мнозинството од израелската јавност се противи на тоа, како и конзистентната и долгорочна политика на Нетанјаху“, се вели во соопштението на кабинетот на премиерот.

ОН предупредија дека хуманитарната криза во Газа излегува од контрола, а помошта не стигнува до енклавата со недели.

Би можело да ве интересира

Трамп: Израел се согласува со условите за прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

СЗО: 112 палестински деца хоспитализирани дневно во Газа поради неухранетост

Палестински извори: Израелските напади во Појасот Газа убија најмалку 45 лица

Горан Наумовски

Израелската војска им нареди на Палестинците итна евакуација од областите во северна Газа

Најмалку 56 Палестинци се убиени во израелски напади во Појасот Газа

Горан Наумовски

Нов израелски напад, најмалку 14 лица се убиени денеска во Газа