Макрон на историски минимум: поддршката падна на само 18 отсто

Од:

Популарноста на францускиот претседател Емануел Макрон падна за седум процентни поени во однос на крајот на јуни, на рекордно ниски 18 отсто.

Тоа го покажа истражувањето што заеднички го спроведоа институтот за истражување на јавното мислење Odoxa и консултантската компанија Mascaret за францускиот парламентарен телевизиски канал Public Sénat и група од 20 регионални француски медиуми.

Според резултатите од анкетата, само 18 отсто од испитаниците сметаат дека Макрон е добар претседател, додека 82 отсто имаат спротивно мислење, пренесува BFMTV.

Во исто време, поддршката за премиерот Себастијан Лекорни падна за осум процентни поени, па 24 отсто од испитаниците го оценуваат како добар премиер.

Истражувањето е спроведено во период кога граѓаните се загрижени поради растот на цените на горивата.

Дури 75 отсто од испитаниците сметаат дека треба да се прошири помошта наменета за граѓаните кои многу ги користат автомобилите, додека 62 отсто сметаат дека владата, и покрај високиот буџетски дефицит, треба да издвои повеќе средства за таа намена.

Анкетата е спроведена пред телевизиското обраќање на Макрон на каналите TF1 и France 2, во кое тој говореше за мерките поврзани со цените на горивата.

Меѓу политичките личности кои се споменуваат во контекст на следната претседателска кампања, 35 отсто од испитаниците навеле дека поддржуваат или имаат симпатии кон лидерите на Националното собрание (RN), Марин Ле Пен и Жордан Бардела, при што поддршката за нив е намалена за четири, односно пет процентни поени.

Поранешниот премиер и кандидат на десниот центар на претседателските избори, Едуар Филип, има поддршка од 27 отсто, Франсоа Оланд 22 отсто, додека кандидатот на левиот центар Рафаел Гликсман има поддршка од 20 отсто од испитаниците.

Истражувањето е спроведено онлајн.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин