За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Од:

Најмалку 17 Палестинци се убиени, а 69 ранети во израелските напади низ Газа во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати од октомври 2023 година се искачи на повеќе од 51.000, соопшти денеска Министерството за здравство на енклавата.

„Одреден број жртви се под урнатините и на патиштата, до кои не можат да стигнат службите за итни случаи и тимовите на Цивилната заштита“, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Новите податоци на Министерството покажуваат и дека откако Израел го прекрши примирјето на 18 март, 1.630 луѓе се убиени, а 4.302 се ранети.

Од октомври 2023 година, кога започна војната во Газа, најмалку 51.000 Палестинци се убиени, а 116.343 се повредени во енклавата, пренесува Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он