Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека влада на национално единство е сè уште можна, бидејќи израелскиот народ знае како да се обедини во „моменти на вистината“ – еден ден откако остро ги критикуваше обидите за формирање влада без него, обвинувајќи ги арапските пратеници дека го поддржуваат тероризмот и дека се стремат кон уништување на Израел.

Тој рече дека „ќе продолжи да ја подава раката“ кон потенцијалните партнери во идната израелска владејачка коалиција.

„Вчера објаснив зошто е неопходна влада на национално единство. Денеска сакам да кажам зошто таа е можна“, им рече Нетанјаху на новинарите, пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel).

Би можело да ве интересира

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

По изборите во Израел, Ајзенкот најави смена на Нетанјаху