350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Од:

Околу 350 израелски писатели потпишале писмо во кое повикуваат на прекин на разорната војна во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Меѓу потписниците се познати писатели како Дејвид Гросман, Џошуа Собол и Зеруја Шалев.

„Оваа војна ги загрозува животите на војниците на ИДФ, заложниците и предизвикува ужасни страдања за беспомошните цивили во Газа“, се наведува во писмото.

„Делата во Газа и окупираните територии не се направени во наше име, но тие ќе бидат за наша сметка.

Потписниците бараат итен прекин на воената операција против палестинското исламистичко движење Хамас, враќање на заложниците земени во Појасот Газа и меѓународен договор за иднината на Појасот Газа.

Авторите го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ја продолжува војната од лични причини. Веќе имаше неколку слични повици од војската со барање прекин на војната и договор со Хамас за ослободување на заложниците.

Израелската војска верува дека од 251 киднапирано лице, 58 се уште се држат во Газа, од кои 34 загинати.

Во нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври 2023 година, според официјалните податоци, животот го загубија 1.218 лица, а во израелскиот одговор бројот на загинати во Газа надмина 50 илјади.

Би можело да ве интересира

Израелски извор тврди: Врховниот верски водач на Иран не е во земјата

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Израелските доселеници го нападнаа палестинското село Тувани на Западниот Брег

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

„Одете по ѓаволите“: Венс жестоко одговори на наводите за притисок врз Белата куќа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа