ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

Од:

Танкерот „Сунион“, кој беше нападнат во средата во Црвеното Море, претрпе голема експлозија, соопшти британската канцеларија за поморски трговски операции (УКМТО).

Екипажот на танкерот беше евакуиран ден претходно, а претходните напади на танкерот, исто како и вчерашната огромна експлозија, им се припишуваат на јеменските исламистички милитанти, Хутите.

Сунион носи 150.000 тони сурова нафта. Доколку нафтата од танкерот што се уште плови заврши во Црвеното Море, тоа ќе биде еколошка катастрофа.

„Бродот припаѓа на компанија која има врски со израелскиот непријател и ја прекршила одлуката за забрана за влез во пристаништата на окупирана Палестина“, рече воениот портпарол на Хутите Јахја Сари во говорот емитуван на јеменската телевизија.

Хутите, кои ги контролираат најнаселените региони во Јемен, во четвртокот признаа дека го нападнале танкерот со нафта „Сунион“ во Црвеното Море еден ден претходно. Исламистичката група, која е поддржана од Иран, со месеци напаѓа бродови, како што тврдат, во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Би можело да ве интересира

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа

Хамас го отфрли израелскиот предлог за прекин на огнот