Велика Британија: Русија можно е да ја нападне Украина оваа недела

Од:

Официјален Лондон досега не виде знаци дека Русија ќе ја деескалира кризата во Украина, а единственото нешто што гледа е „сериозна можност“ Москва да ја нападне Украина оваа недела, изјави денеска портпаролот на премиерот Борис Џонсон.

„Досега не видовме знаци дека Русија ќе ја повлече својата војска од украинската граница. На границата има повеќе од 130.000 руски војници и ние сме сериозно загрижени“, рече портпаролот, додавајќи дека постои голема можност Русија да ја нападне Украина оваа недела.

Џонсон нагласи дека наскоро ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден за да помогне во дипломатскиот процес. „Мислам дека е многу важно да разговараме. Но, она што не можеме да го направиме е да отстапиме од суверените права на украинскиот народ кој се стреми кон членство во НАТО. Не можете да се пазарите со тоа“, рече Џонсон. Тој исто така предупреди дека сите мора да сфатат дека ситуацијата е многу опасна и тешка. „Ние сме на работ на бездна, но се уште има време рускиот претседател Владимир Путин да се повлече, а она на што повикуваме е сите да се вклучиме во дијалог“, рече британскиот премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина