Унгарија и Полска не попуштаат пред Брисел: Владеењето на правото не може да биде услов за парите од ЕУ

Од:

Унгарија и Полска остануваат на својот став дека владеењето на правото не може да биде услов за пристап до парите од европскиот буџет и европскиот план за обнова, освен ако не се смени основниот документ на Европска Унија, изјавија денеска премиерите на двете земји по средбата во Будимпешта.

Унгарскиот и полскиот премиер, Виктор Орбан и Матеуш Моравјецки предложија решавање на блокадата во две фази. Првата фаза е да се стават парите на располагање на земјите, а подоцна да се одлучува дали треба да се поврзат владеењето на правото и финансиските интереси на ЕУ и европскиот план за обнова.

Унгарија и Полска минатата недела ставија вето на најновиот повеќегодишен буџет на ЕУ и на планот за обнова. Тие се против механизмот кој дозволува да бидат лишени од средствата во случај на кршење на владеењето на правото (независно судство, политика против корупцијата), оценувајќи го како напад врз новната независност.

– Предлогот што е на маса е неприфатлив за Унгарија. И да биде јасно како што пишува во декларацијата ние ќе ги обединиме силите во овој спор. Унгарија нема да прифати предлог што е неприфатлив за Полска и обратно, истакна Орбан.

Кризата предизвика и тензии во Европска народна партија (ЕПП), чија членка е партијата на Орбан, Фидес.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски