Ал Џезира – Доха
Едно училиште во нигериската сојузна држава Борно ја отвори вратата за деца чии родители биле жртви во шестгодишниот судир со групата Боко Харам.
Училиштето настојува на сирачињата да им го олесни образованието и да им помогне полесно да се интегрираат во општеството.
По најтрауматичниот период во нивните животи, децата стекнуваат формално образование. Родителите на над 80 отсто од овие деца загинале во насилствата и судирите со Боко Харам, која е против овој вид на образование.
Тоа е прв чекор во обид минатото да го остават зад себе и животите да им се променат. Бинту Аисами трауматизирана дошла во ова училиште пред еден месец и бавно напредува.
– Се што сакам е да бидам наставничка. Така можам да помогнам, вели таа.
Нејзиниот татко бил убиен од Боко Харам. Мајка и подоцна починала во бегалски камп. Семејството кај кое живеела потоа исто така е убиено во самоубиствен напад.
– Понекогаш на час гледам како некои ја наведнуваат главата и плачат, а кога ќе ги прашате зошто, велат дека се сетиле на убиените родители, наведува директорот на училиштето Сулејман Алиу.
Али Бинту сега може да се обиде да го оствари својот сон. Тие кои се тука подолго успешно се вклопуваат и зајакнуваат.
– Сакам да бидам лекар, да им помагам на луѓето во неволја, вели сирачето Мустафа Букар, кој бил присилен да гледа како му го убиваат таткото.
Тој сака еден ден да им помага на другите.
Новинарот на Ал Џезира Ахмед Идрис од нигерискиот град Миадугури, јавува дека децата-жртви на борците на Боко Харам, се школуваат тука со деца на убиени припадници на силите за безбедност и тие кои се убиени во насилство.
Надлежните органи велат дека сакаат да го забрзаат процесот на заздравување и интеграции, за на крај на школувањето учениците да можат да се вклопат во општеството.
Децата престојуваат во старателски семејства, а училиштето им пружа одредена поддршка.
– Сирачињата тешко ги стекнуваат општествените норми во сиротилиштата. Тешко се снаоѓаат во општеството и не можат да се вклопат во односите со другите групи, истакна сопственикот на училиштето и филантроп Зана Мустафа.
За сега многу од нив тука го продолжуваат животот, учејќи повторно да бидат деца. И што е уште поважно, се обидуваат да ја креираат својата иднина.